УФЦ фајт најт 57: Свенсон поразен од Куб

711

ufc najt fajt 57

ММА трката УФЦ фајт најт 57 се одржа во Остин, Тексас, a главен настан беше мечот меѓу Френки Едгар и Куб Свенсон.

Свенсон се надеваше дека ќе обезбеди меч за титулата со евентуална победа над поранешниот шампион Едгар во лесна категорија. Затоа тој уште со почетокот на дуелот започна да задава силни удари. Иако во почетокот успеа да го погоди Едгар, тој не успеа да примени многу од бокс вештините, бидејќи беше ллегнат на грбот.

 Од првата до петата рунда само првата минута беше во стоење, бидејќи потоа Едгар го нагласи соборувањето, за да продолжила со граунд енд фаунт. До четвртата рунда лицето на Свененсон од ударите со лакти на Едгар беше отечено. На крајот на петата рунда Свенсон го отвори грбот, при што Едгар му направи клуч и така дуелот заврши.

 Еве ги сите резултати од УФЦ Фајт најт 57:

 Френки Едгар го победи Куб Свенсон со пренос (РНЦ, 5 рунда, 4:56)

Едсон Барбоза го победи Боби Грин со судиска одлука (30-27, 30-27, 30-27)

Чико Цамуш го победи Бред Пикет со судиска одлука (29-28, 27-30, 29-28)

Олексеј Олињук го победи Џаред Рошолт со KO (1 рунда, 3:27)

Џозеф Бенавидес го победи Дастин Ортиз со судиска одлука (30-27, 30-27, 30-27)

Мет Виман го победи Исак Вали – Флег со судиска одлука (30-27, 30-27, 29-28)

Руслан Могамедов го победи Џош Копланд со судиска одлука (29-28, 30-27, 30-27)

Роџер Наравез го победи Луке Бернат со судиска одлука (29-28, 28-29, 29-28)

Џејмс Вик го победи Ник Хаен со судиска одлука (30-27, 29-28, 29-28)

Акбарх Ареола го победи Ив Едвардс со пренос (армбар,1 рунда, 1:52)

Паиџ ван Зант го победи Каилин Цуран со TKO (3 рунда, 2:54)

Дохо Чои го победи Јуан Пуиг со TKO (1 рунда, 0:18)