200 натпреварувачи за трофеите на „Скопје опен 2019“

Се очекува околу 200 натпреварувачи да настапат на традиционалниот Меѓународен џиу џицу турнир „Скопје опен 2019“ од повеќе европски и балкански земји, како и повеќе клубови од Македонија.

Турнирот е во сабота во салата „Незавсина Македонија“ на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ со почеток во 10 часот.

На турнирот ќе се одржат натпревари во борби, дуо систем и не ваза, како и редовното коло од Јадранската лига.

Меренјето на борците за претстојниот турнир ќе се одржи во  20 часот во хотел Континентал и во 21 часот Младинскиот хотел. Останати борци кои се сместени во други хотели  и оние кои ќе пристигнат на денот на турнирот ќе се мерат помеѓу 08 и 09 часот.

Од  9 до 9:30 е корекцијата на жребот (доколку има промена во килажите);  9:30 – 10:00 состанок со тренери, судии и водачи на екипи, додека во 10:05 часот е свеченото отварање, а во 10:30 е почнува турнирот.

print