„Дан кју“ со четири медали од џиу џицу турнирот во Србија

196
Дан кју

dziu dzicu borba

На силниот турнир во џиу џицу „Сај“ во Сремска Митровица, Србија, претставниците од Македонија освоија еден златен, еден бронзен и два бронзени медали. Турнирот се одржа во Специјалната антитерористичка единица на Србија.

Александар Трајковски до 62 килограми во јуниорска конкуренција го освои првото место, а Ристе Ристовски (-69 кг) во истата конкуренција беше втор, додека кадетите Никола Бошковски  (-66 кг) и Иван Трпковски (-60 кг) се закитија со бронзени медали.

Борбите се одвива по принципот секој со секого. На еден исклучително силниот турнир учествуваа 250 натпреварувачи од 8држави.

Ристовски беше во конкуренција од 7 борци, Бошковски со 5 борци, а Трпковски 4 борци. Тројцата се од клубот „Дан кју“ од Скопје. Членовите на ЏЏИ Осенсеи од Штип не се закитија со медали поради големата конкуренција во категоријата -77 кг, каде што имаше пријавено 17 борци, всушност, најтешката група на целиот турнир.