На ЕП во кик бокс почнавме со порази

198

Otvoranje na EP BilbaoНа Европското првенство во кик бокс во Билбао, Шпанија, нашите репрезентативци стартуваа со порази.

Ненад Манојловски во лоу-кик во категоријата до 67 килограми е поразен од Ремзија Дачиќ од Црна Гора со минимална разлика. Во првите две рунди иницијативата ја имал нашиот репрезентативец, но, во третата рунда, Црногорецот бил поактивен и направил пресврт.

Nenad Manojlovski kik boks

Далибор Огненов во К-1 до 75 килограми морал да ја предаде борбата поради повреда. Огненов повредата на задната ложа на десната нога ја заработил уште во првата рунда, но стиснал заби и издржал до третата рунда. Заради големи болки ја предава борбата, така што Русинот Даци Дациев ги продолжува борбите на ЕП.

Денес старуваат и другите наши претставницви Димитар Георгиев, Александар Најдовски и Мики Ивановски.

ipon.mk/ В.Д.