1,1 милиони долари е заработката од билети на СП во борење во Лас Вегас

duseci las vegas

Над 1 милион долари е профитот од продажбата на билети на Светското првенство во Лас Вегас, објави Обединетото светско борење (UWW/ОСБ). Точната сума е 1,1 милиони долари.

Натпреварите во „Орлеанс арена“ во почетокот на месецот беше и први квалификации за Олимписките игри во Рио 2016, за кои 108 борачи од 37 држави се изборија за учетсво на Олимпијадата.

Интересот за шампионатот беше огромен, а тоа го покажуваат и бројките. На официјалната страница на ОБС е објавено дека мечевите на СП во борење ги посетиле, однонсо гледале, преку каналот на Светската боречка организација рекордни три милиони гледачи, а за шест дена на целиот шампионат имало 16 милиони посетители на стрницата на UWW. Дневниот сообраќај бил 2,8 милиони прегледувања. Тоа е значително повисоко од 2013-та и 2014 година.

Во исто време, телевизии од 16 земји ги пренесувале борбите од Лас Вегас, а преку телевизиските и радио фрекфенциите борбите ги следеле над 1 милијарда луѓе во целиот свет.

На душекот во „Орлеанс арена“ над 800 натпреварувачи од 99 земји се бореа за медали и норми за ОИ.

print

Можеби ќе ви се допадне...