Џудо тренер приведен за повикување на тероризам (ВИДЕО)

85

25-годишниот џудо-тренер Имран Мамадов е приведен под сомнение за тероризам.

Според руските служби, младиот специјалец веќе две години изведувал верски церемонии во соблекувалната на неговата спортска сала. На нив присуствувале во просек околу 70 муслимани. Меѓу нив има и многу радикали кои исто така се приведени.

Мамадов повикувал на тероризам преку популарните платформи за комуникација и одржувал контакти со Ширинов и Ахмедов, кои учествуваа во активностите на терористичката организација ИСИЛ. Двајцата борци се наоѓаат на меѓународната листа на барани лица.

Во моментов Мамадов се соочува со кривична пријава за повик на тероризам и помагање на терористи.