Џудо федерацијата со еднократна помош за клубовите

278

Во ова време на предизвици Џудо федерацијата на Северна Македонија планира да преземе соодветни мерки за да им помогне на клубовите. Претседателот Владимир Трпаноски во вторник на Извршниот одбор на ЏФСМ ќе поднесе предлог-иницијатива за еднократна помош на сите џудо клубови во висина од 14.500 денари. Финансиските средства ќе се обезбедат од буџетот на Федерацијата.

Во зависност од состојбите и времетраењео на кризата Трпаноски најави и нови предлзи за помош за џудо клубовите, а се со цел да добијаат поддршка во овој тежок период.

Џудо федерацијата на Северна Македонија ја поздравува заложбата на Владата и Агенцијата за млади и спорт за огромната грижа кон спортот во државата и се согласува дека донесената уредба за ​финансиска поддршка за спортисти, стручни лица и спортска администрација за време на траењето на вонредна состојба на многу субјекти и физички лица ќе биде од големо значење.

„Џудо Федерацијата официјално достави информација до Агенцијата за млади и спорт дека нема да поднесе барање за добивање на помош од причини што во моментот располага со доволно финансиски средства за нормално функционирање и преферира дека тие средства е подобро да бидат насочени таму каде што реално има поголема потреба во моментот.

Џудо федерацијата сака да испрати силна порака за поддршка на сите погодени од оваа состојба, и апелира сите да постапуваат согласно препораките на надлежните институции.

На крајот од името на сите џудисти, тренери и спортски работници сакаме да испратиме порака до граѓаните на нашата земја со желби за добро здравје и силен дух и заедно да го победиме ова зло“,  велат од Џудо федерацијата!