Џозеф Паркер се враќа во октомври

51

Враќањето на поранешниот шампион во тешка категорија во ВБО, Џозеф Паркер е закажано за октомври.

Според неговиот менаџер, Еди Херн, договорот за битката е близу до потпишување, а тоа најверојатно ќе се случи во Нов Зеланд.

Паркер не е таму од 2018 година, кога го победи Александар Флорес. Од друга страна, Паркер не е многу активен – имаше само две борби.

Херн се надева дека сè ќе биде финализирано што е можно побрзо.

„Паркер ќе се бори во Нов Зеланд – тоа е она на што работиме во моментов.

Тоа ќе биде прво наше шоу таму и подготвуваме голема борба за тоа. Тоа најверојатно ќе биде во октомври“, рече Херн.

Можни противници се локалниот непоразен боксер Јуниор Фа или поранешниот шампион Лукас Браун, како и Демзи Мекејн.