Џозеф Паркер му помага на Фјури во подготовките за Вајлдер

91

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури ги искористи услугите на еден од поранешните врвни боксери во тешка категорија.

32-годишниот Британец е на врвот на подготовките за претстојниот трет меч со Дионтеј Вајлдер, што ќе се одржи во Лас Вегас на 24 јули.

„Кралот на Ромите“ ќе се бори со поранешниот шампион на ВБО, Џозеф Паркер. Двајцата се познаваат многу добро и се во добри односи.

Во 2017 година, Новозеланѓанецот го победи братучедот на Тајсон – Хуи Фјури, во меч за светската титула. Набргу потоа, Паркер го загуби појасот во битка со Ентони Џошуа. Паркер последен пат се бореше на почетокот на мај, кога со едногласна одлука го победи Дерек Чисора.

29-годишниот Киви е висок околу 193 сантиметри, што е приближно 7-8 сантиметри помал од Вајлдер. Паркер има значително помал опсег, околу 193 сантиметри, додека оној на „Бронзениот бомбардер“ е околу 211.