Џошуа снима документарен филм

133

Тешкашката боксерска ѕвезда Ентони Џошуа почна да работи на документарец за неговата кариера.

За таа цел, британската ѕвезда ќе основа своја продуцентска куќа, како и фудбалската икона на Островот Дејвид Бекам пред години. Документарецот ќе ја следи кариерата на Еј Џеј, почнувајќи од неговото деби во 2013 година, а кулминација треба да биде очекуваниот меч за обединување на сите титули против неговиот сонародник Тајсон Фјури. Филмот ќе користи снимки од тренинг сесии, претходно нерегистрирани снимки и интервјуа.

„Неговиот пат кон врвот беше како метеорит. Но, тој надмина многу пречки за да стигне до местото каде што е сега. И навивачите никогаш не ја виделе целосната слика. „За прв пат, се отвора и им покажува на сите што навистина се случува, сè води кон долгоочекуваниот меч со Тајсон Фјури“, изјави извор запознат со продукцијата за „Сан“.

Филмот се очекува да биде готов следната година и да предизвика огромен интерес за платените платформи.