Џошуа се насочува на меч со Усик

193

Ентони Џошуа изненадувачки направи пресврт во плановите за меч со Тајсон Фјури во 2021 година и го сврте вниманието кон Александар Усик.

Двајцата Британци се расфрлаа со изјави и првокации за меч за обединување на сите титули во тешка категорија, под услов Џошуа го победи Кубрат Пулев на 12 декември, а Фјури победи во неговата следна борба. Усик е предизвикувач за појасот на ЕЏ во верзијата на Светската боксерска организација (ВБО), но сè до неодамна се чинеше дека Британецот повеќе сака да го ослободи појасот и да избере меч против неговиот сонародник. Меѓутоа, сега, Џошуа даде цврста изјава во спротивна насока.

„Не знам што ќе се случи во 2021 година, но ако требаше да ги обложам сите свои пари, би го обложил на меч против Усик, бидејќи и тој е дел од Мечрум бокс. Тоа е очигледен меч, а она што го постигна досега покажува дека кога сака да се бори со некого, тоа го прави“, изјави Џошуа за ЕСПН.