Џошуа откри дека Фјури добил понуда која не може да ја одбие: Го потпишав договорот

139

Наскоро може да пристигне и официјална потврда дека се исполнети сите услови за мечот за апсолутен светски шампион во бокс меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, а датумот и местото на првата борба за обединување на титулите се договорени. Џошуа неодамна потврди дека потпишал договор, а Кралот на Ромите се очекува истото да го направи наскоро.

„Потпишав договор. Му испративме добра понуда на Фјури и сигурен сум дека не може да ја одбие. Знам дека сака борба, како и јас, а особено навивачите. Погледнав во мојата кристална топка и реков дека борбата ќе се случи сто проценти оваа година“, рече Ентони Џошуа, а на прашањето дали Фјури ќе му ги одземе појасите, тој беше краток:

„За жал, нема да победи“.

Џошуа е сопственик на титулите ВБА, ИБФ и ВБО, а Фјури го има шампионскиот појас на ВБЦ. Тој откри што создавало најмногу проблеми за последната зделка.

„Сигурен сум дека ќе се бориме оваа година, на крајот на јули или август. Сè уште не знаеме каде, затоа сè влечеше, пандемијата е проблем“, рече Ентони Џошуа и додаде:

„Сакаме луѓето да можат да доаѓаат. Треба да ја најдеме вистинската локација. Вембли би бил идеален за мене“.