Џошуа му порача на Фјури: Јас сум газда, а тој ќе знае каде треба да дојде

193

Светскиот шампион во бокс, 31-годишниот Ентони Џошуа, сопственик на титулите на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО, верува дека се доближува до договор за супер борба против шампионот на ВБЦ, 32-годишниот Тајсон Фјури.

Судирот на двајцата одлични боксери веќе многумина го нарекуваат „Борба за Велика Британија“. Преговорите сè уште траат, а борбата за обединување на титулите треба да се одржи во јуни, барем така тврди Џошуа.

„Оставив сè на мојот тим. Секој ден ми кажуваат што е ново во преговорите и сме блиску до договор. Борбата може да биде во јуни“, – вели Ентони Џошуа и продолжи:

„Ако Фјури е сериозен, а мислам дека е, ќе дојде на договореното место и ќе се бори со шефот. Подготвен сум и го сакам тој меч. Едвај чекам да се вратам во рингот“.

Поради епидемиолошката состојба во Велика Британија, тешко дека средабта ќе биде организирана на коебило место на Островот. Џошуа, тоа не е проблем.

„Сè ми одговара. Можеме да се бориме дома, на Блискиот Исток, во мојот или неговиот двор, тоа воопшто не е важно. Сакам да го слушнам звукот на гонгот и да се борам со Фјури. Само тоа ми е важно“, заклучи Ентони Џошуа.