Џошуа е фокусиран само на средбата со Пулев

51

Целиот фокус на Ентони Џошуа се уште е насочен за борба со Кубрат Пулев на британско тло. Ова го изјави промоторот на светскиот шампион на три од четирите боксерски федерации Еди Херн за Скај спорт.

„Мечот ќе се одржи најрано на крајот на септември. Би било убаво да се бориме за светската титула во Велика Британија. Тоа е нашата цел. Тоа најверојатно ќе се случи во октомври или ноември, кога очекуваме мерките да бидат опуштени“, рече Херн.

Таборот на бугарскиот боксер работи на опцијата за одржување на средбата во Хрватска, но сè уште нема извесност за дестинацијата и датумот.