Џошуа ќе тренира со Мејведер и Кличко за мечот со Фјури

134

Ентони Џошуа ќе тренира во елитно друштво за големата борба со Тајсон Фјури. ЕЏ призна дека советите на легендите Владимир Кличко и Флојд Мејведер отсекогаш биле корисни. Се очекува ова лето да ја видиме првата од двете битки меѓу Џошуа и Фјури.

Тие ќе ги обединуваат титулите во тешка категорија, а назима ќе направат и реванш. Сè уште има некои работи што ги забавуваат преговорите и најголем проблем е изборот на место за борба. Според различни извори, Саудиска Арабија е веројатно домаќин на оваа голема битка, а според Херн домаќинот веќе е избран.

Мејведер не крие дека е голем обожавател на Џошуа и неодамна откри дека едвај чека да работат заедно. Пред четири години Џошуа го пензионира Владимир Кличко со нокаут во 11-тата рунда.

„Мејведер е одлична личност. Ако сакате да бидете добри, тогаш мора да бидете меѓу боксерите. Фудбалерите треба да бидат околу фудбалерите, боксерите околу боксерите.

Лавовите се движат со лавови. Не се дружат со овци, нели? Добрите боксери треба да бидат околу подобри боксери за да бидат подобри, па јас дефинитивно ќе тренирам со него.

Ќе тренирам со Флојд 100%. Владимир Кличко, тој е секогаш добредојден. Ова ќе биде инспирација за децата во салата. Би било добро да ги има во салата“, изјави Џошуа за Мејведер и Кличко.