Џош Барнет и Тито Ортиз се понудија за противници на Федор Емелијаненко

148

Големата легенда на ММА, Федор Емелијаненко е на крајот од кариерата и Белатор треба да најде ривали за неговите преостанати два настапи. Тој годинава ќе наполни 45 години и скоро сигурно е повлекувањето од спортот. „Последниот император“ не се борел од декември 2019 година, кога во Јапонија го нокаутира Квинтон Џексон. Федор забележа 3 победи и 2 порази во Белатор.

MMAЏанки ги праша навивачите кој треба да биде еден од последните ривали на легендарниот борец. Секако, секој има различно мислење, но учествуваа и поранешните шампиони на УФЦ, Џош Барнет и Тито Ортиз. Двајцата му се понудија на Емелијаненко, но не е познато дали Скот Кокер има интерес за нив.

Пред некое време, Федор изјави дека најверојатно ќе продолжи да се бори, откривајќи дека има за цел реванш со Рајан Бадер и Мет Митрион.