Џонс: Животот на едно дебело момче (ФОТО)

189

Џон Џонс покажа нова серија фотографии откако се качи 20 кг. Поранешниот доминатор на УФЦ во полутешка категорија помина во тешка, за да се бори за титулата.

„Животот на едно дебело момче“, напиша Џонс на Инстаграм профилот, додавајќи фотографии од тренингот.

Џонс последен пат влезе во октагонот лани во февруари кога го победи Доминик Рејес во последната одбрана на титулата во полутешка категорија. За овој меч, Џон имаше 92,5 кг, што е за 20 кг помалку од неговата денешна тежина.

Неодамна претседателот на УФЦ, Дана Вајт, објави дека победникот од шампионскиот меч во тешка категорија меѓу шампионот Стипе Миочиќ и предизвикувачот број 1 Френсис Нгану ќе ги одмере силите со Џонс. Хрватот и Камерунецот ќе се сретнат во октагонот во главната борба на УФЦ 260 на 27 март.