Џон Џонс се пофали дека Вајт го смета за најголем во историјата на УФЦ

111

Xон Xонс се пофали на социјалните мрежи откако Дана Вајт го прогласи за најголем во историјата на МMA. Претседателот на УФЦ за медиумите изјави дека за него Xонс останува најголем засекогаш, иако во моментов не е број 1 во светот.

Во последната недела, многу луѓе го прогласија Хабиб Нурмагомедов за најголем откако го тргна Xонс од првото место на P4P ранг-листата. Тоа не му се допадна на „Kоски“, укажувајќи со денови со факти, за да им докаже на сите дека е најголем во историјата.

На својот профил на социјалните мрежи, 33-годишниот Американец објави видео со интервју со Дана Вајт во кое го прогласи за најголем и напиша дека ова нема да им се допадне на обожавателите на непоразениот Дагестанец:

„Ова нема да им се допадне на фановите на Хабиб Нурмагомедов“.