Џон Џонс: Можам да го победам Нгану! (ВИДЕО)

55

Не постои начин да се одрекува дека Френсис Нгану е еден од најсраотните борци. Сепак, шампионот во полутешка категорија Џон Џонс ја знае тајната за пораз на Предаторот.

Џонс очигледно внимателно ја разгледа можноста за преминување во тешка категорија и борба против Нгану. Единствената пречка за ова да се случи е финансиските услови што Џонс ги постави на УФЦ.

Иако организаторите сè уште само слушаат за ваков меч, сепак, Џонс е заинтересиран за тоа. Во интервју за Стив-О, Џон рече дека многу размислувал за силата на Нгану, но ја разбрал и тајната на победата.

„Со Френсис Нгану, работите се многу едноставни. Ја прифаќаш најлошата можна опција, а тоа е дека може да ве нокаутира и да ви скрши некоја коска налицето. Тоа е најлошото. Кога ќе го прифатите тоа, работите стануваат лесни. Ако не успее да те нокаутира и да ти го скрши лицето – брз си, паметен си, имаш брада, имаш добри движења во главата, можеш да се бориш. Постојат многу начини да се да ја водиш борбата.Значи мислам на најлошото сценарио, за да се навикнам и да не ми остава вепчаток. Кога ќе се случи тоа ќе бидам подготвен да излезам на средба против него.

Френсис Нгану несомнено е опасен. Верувам дека има шанса да ме нокаутира. Но, ако не успее, ќе ја преземам битката. Само треба да ја минам првата рунда и ќе го добијам мечот“, рече Џонс.