Џо Смит го победи Максим Власов и го освои појасот на ВБО (ВИДЕО)

128

Џо Смит (27-3) е новиот шампион на ВБО во тешка категорија. Американскиот боксер го победи Русинот Максим Власов (45-4) со мнозинска судискс одлука во казиното Осаж во Тулса по 12 рунди.

Рускиот борец беше поагресивен од противникот во текот на првите неколку рунди, но Смит малку го засили темпото, а неговите удари сè повеќе завршуваа на вистинските места.

Како што мечот се приближуваше кон крајот, ударите на Смит стануваа се поопасни, но Власов издржа сè, како и ударот во задниот дел од главата во 11-тата рунда.