Џојс: Џошуа се плаши од удари, се обложувам на Фјури

101

Џо Џојс, кој многу добро ја познава борбата на Ентони Џошуа, смета дека шампионот е премногу загрижен од ударите.

Џојс забележа промена во стилот на Џошуа во 2019 година, откако Англичанецот претрпе ТКО од Енди Руиз.

Потоа, Џошуа си ги врати титулите во декември 2019 година со многу претпазлива борба на дистанца против Руиз со одлука на судиите.

За неговиот последен меч против Кубрат Пулев, доби многу критики, вклучувајќи го и Џојс, дека се бори премногу претпазливо.

Заради овие промени во неговата борба, Џојс се обложува на шампионот Тајсон Фјури во очекуваната пресметка со АJ.

„Се обложувам на Фјури поради неговата активност и начинот на кој се врати од најниската точка за да го победи Дионтеј Вајлдер“, рече Џојс.

„Мислам дека, иако се опорави од поразот од Руиз, Џошуа многу се плаши од ударите кои одат спрема него. Не ме сфаќајте погрешно, битката ќе биде оспорена. Џошуа има многу сила, брзина, мотивација и конкурентен дух. Но, Фјури е многу силен ментално и тактички. Тој е нестандарден боксер и тешко е да се погоди. Тој е брз, голем е и со долги раце. Мислам дека ќе има предност”.

Во моментов се водат преговори за меч меѓу Фјури и Џошуа и се очекува оваа година да има договор за две борби, од кои првата ќе биде во мај или јуни.