Џесика Андраде испиша историја со нокаутот во првата рунда (ВИДЕО)

53

Џесика Андраде успешно дебитираше во перо категорија. Таа ја победи поранешната предизвикувачка за титулата Кејтлин Чукегијан на УФЦ Фајт ајленд 6, што заврши денес во раните утрински часови на островот Јас во Абу Даби.

Андраде ја почна борбата со типичен агресивен стил и во првите секунди го скрати растојанието меѓу нив. Андраде со тупаница ја удри противничката во глава и ја презеде контролата во мечот на почетокот на средбата. Во последната минута Бразилката зададе силен удар во телото на Чукегијан кога се одделија од клинч. Чукегијан се свитка на партерот од болка, а Андраде се нафрли на неа во потрага по нокаут. Судијата на битката немаше друг избор освен да го заврши мечот по лавината удари од поранешната шампионка во сламка категорија.

https://www.instagram.com/p/CGdy9E2ptDD/?utm_source=ig_embed

Андраде со оваа победа испиша историја во женското ММА. Таа победи ривал во трета различна категорија, што никогаш не се случило во женското ММА.

.