Џејк Пол го нокаутира Бен Аскрен во првата рунда (ВИДЕО)

245

Блогерот Џејк Пол го победи Бен Аскрен со нокаут во првата рунда. Поранешниот ММА борец не го сфати мечот сериозно и веднаш имаше коментари дека борбата е можеби наместена.

Околу минута ипол по почетокот, Јутјуб сензацијата погоди со лев и десен удар и го испрати Аскрен на подот.

Судијата изброја до десет и пресуди дека поранешниот борач не може да продолжи. Мечот беше краток и вкупниот број на удари беше 12 (9-3). Публиката на стадионот Мерцедес-Бенц, Атланта реагираше бурно на она што го виде.

Се појавија снимки неколку минути по поразот на кои Бен е одлично расположен и се смее.

Доминаторот во Белатор и ОНЕ ФЦ ќе добие солиден чек за учеството, но неговото однесување покренува прашања.

„Жалам, народе“, напиша Аскрен на Твитер.

По победата блогерот Пол беше во воздигнат и изјави дека во блиска иднина можеме да очекуваме боксерски меч меѓу него и Конор Мек Грегор.

Резултати – бокс:
Џејк Пол го победи Бен Аскрен со ТКО во Р1
Реџис Програис го победи Иван Редкач со одлука
Стив Канингам го победи Френк Мир со одлука
Џо Фурние го победи Рејкон Супер со нокаут Р2
Жуниор Јунан го победи Џејсон Минда со одлука
Квинтон Рандал го победи Вилијам Џексон со одлука