Џошуа: 2018-та го отвора патот кон титулата на неоспорен шампион во тешка категорија

ВБА, ИБФ и ИБО шампионот Ентони Џошуа вели дека следната година би можел да стане неоспорен светски шампион во тешка категорија.

„Секоја година мора да има напредок во споредба со претходната. Сакам да станам неоспорен светски шампион во тешката категорија и 2018 година ќе го отвори патот кон тоа“, вели Џошуа.

„Кој и да биде прв во март или почетокот на април нема врска. Но, сакам да се борам во мечот за обединување“. Преостанаа два појаси – ВБО и ВБЦ. „ВБ е во ред, а дали ќе биде О или Ц зависи од самите противници“.

„Не влегувам премногу во кавга на Твитер. Да речеш и да направиш се две различни работи. Во контакт сме и се обидуваме да ги договориме тие борби“.

Неговиот промотор Еди Херн уште еднаш потврди дека се блиску до договор со шампионот на ВБО, Џозеф Паркер, а мечот може да се одржи на 24 март или 31 март или 7 април.

print

Можеби ќе ви се допадне...