Џошуа: Ќе има крв, ќе има како на Холифилд – Боу

Антони Џошуа ветува незаборавна борба на 31 март.

Непоразените светски шампиони во тешка категорија Џошуа и Џозеф Паркер ќе се судрат на стадионот во Кардиф. Новозеландецот е аутсајдер во соодност на букмејкерите 6-1, но Британецот не очекува лесна вечер.

Посакува акција каква што приредија Ивандер Холифилд и Ридик Боу пред 25 години во првата од трите борби.

„Да речеме, на пример, дека Паркер е Холифилд, а јас сум Ридик Боу, повеќе борец со долги раце. Тие двајцата кога се бореа поседуваа брзина, со комбинации од блиска борба и се надевам дека можеме да го стигнеме она што го направија великаните пред нас“.

Во првата борба во ноември 1992 година, Холифилд е поразен во Вегас со едногласна одлука на Боу и ја загуби титулата на неприкосновен шампион во тешка категорија и ВБЦ, ВБА и ИБФ појасите. Магазинот Ринг ја прогласи за борба на годината, а легендарната 10-та рунда е избрана за рунда на годината.

Џошуа се надева на слично сценарио пред 78.000 гледачи на стадионот во Велс.

„Не можам точно да ви кажам каков тек ќе има борбата, но ние сме големи и силни, така што по некое време ударите ќе почнат да болат. Дефинитивно сум сигурен дека ќе има крв. Дефинитивно ќе има крв. Знаете, ако седите доволно блиску може да ја слушнете кожата како ја разбива главата. Ќе видите навистина добри комбинации. какви што инаку не ги гледате кај тешкашите“, изјави за Скај спортс.

Џошуа додаде и дека со задоволство ќе го сослуша претседателот на УФЦ, Дана Вајт, кој ќе дојде на мечот и неговата понуда за соработка.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...