Џошуа: Јас сум број 1 во тешка категорија, Фјури може во биртија да кажува дека е вистинскиот шампион

Во пресрет на одбраната шампионската титула во тешка категорија против Александар Поветкин, Ентони Џошуа ја коментираше изјавата на Тајсон Фјури дека тој се уште е број 1 во тешка категорија.

„Кралот на Циганите“ таа титула ја заслужи со победата против Владимир Кличко во 2015-тата. Следеа приватните проблеми, проблеми со Британската агенција за анти-допинг и сите појаси ги загуби надвор од рингот.

„Не може да очекувате дека целата категорија ќе го чека него. Фјури имаше проблеми и паузараше три години. Не може цела категорија да седи и да го чека, топката и понатаму се тркала“, рече AЏ.

Џошуа го освои првиот појас светски првак со нокаут во втората рунда во април 2016 година против Чарлс Мартин. ИБФ практично веднаш по победата против Кличко му го одзеде појасот на Фјури, бидејќи имаше клаузула за реванш, а не можеше да се бори со задолжителниот предизвикувач Вјачеслав Глазков. Мартин дојде до појасот откако Украинецот во третата рунда го повреди коленото.

„Чарлс Мартин ме повика и сакаше да се бори со мене. Го прифатив предизвикот и се борев. Кличко сакаше да се бори со мене, се борев“.

„Јас нема да бидам човек кој во биртија раскажува воени приказни. Јас бев вистински светски шампион. Јас не сум таков човек“.

Се очекува Фјури до  крајот на годината да се бори против шампионот на ВБЦ Дионтеј Вајлдер.

„Јас сум број 1 во тешка категорија. Кажи ми кој борец има подобар скор од мене со 22 борби? Јас не морам ништо да докажувам. Историјата ќе покаже. Никој не може да каже ништо против патот што избравме. Се докажав на највисоко ниво. Сум се наоѓал во длабоки води многу пати. Ако луѓето сега не се задоволни со тоа, никогаш нема ни да бидат“.

„Погледнете го Флојд Мејведер, секогаш се незадоволни од него, а тој е еден од најголемите од сите времиња“.

Џошуа тврди дека подготовките за Поветкин се иделаноп одработени. Единствениот проблем што го и маше му се случи минатата недела. Додека тренираше во неговата база во Шефилд во Лондон, украден му е Ренџ Роверот.

„Монетално тоа е епидемија во Лондон. Ги ограбуваат луѓето поради материјални работи и автомобили. Но, тоа ве учи да се држите ненаметливо“.

print

Можеби ќе ви се допадне...