Џошуа: Јас и понатаму напредувам. Не би го рекол тоа за Вајлдер и Фјури

Ентони Џошуа пред неговата седма одбрана светската титула во тешка категорија верува дека и понатаму напредува како борец.

29-годишниот Британец во американското деби на 1 јуни се бори со Енди Руиз.

Верува дека е влезен подем, а мисли дека неговите ривали Дионетј Вајлдер и Тајсон Фјури го поминале врвот.

„Генерацијата на старата школа мораше да чита книги, за да дојде до одредени информации. Сега, ако влезам во Јутјуб и отчукам: „Како да станам најдобро тешкаш во светот“, ќе добијам повеќе информации. Јас и понатаму напредувам. Колку подолго сум во играта станувам подобар, колку повеќе сум посветен, мојата страст поголема“, изјави за „Комплекс вести“.

„Колку подолго останатите тешкаши чекаат да се борат со мене, тоа ќе биде полошо за нив и ќе им биде потешко да ме победат. Не мислам дека останатите тешкаши многу ќе се поправат, затоа што се професионалците веќе 10, 11 години. Некако веќе го постигнаа својот врв. Освен ако немаа уште една  брзина. Не знам, но не би рекол“.

print