Џошуа: Се е во рацете на Фјури, јас сум подготвен за летово!

Ентони Џошуа изјави дека е подготвен за борба со Тајсон Фјури кога и да се одлучи тој.

Фјури не се борел од ноември 2015 година, кога го порази Владимир Кличко и ги освои светските титули во тешка категорија на ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО. Сè освен ВБО појасот кој сега го држи Џошуа.

Поранешниот шампион допрва треба да добие боксерска лиценца, но откако ја реши ситуацијата со Британската анти-допинг агенција се очекува да добие зелено светло за продолжување на кариерата.

Фјури минатата недела му испрати порака на Ентони Џошуа дека наскоро се враќа по појасите кои треба да му ги предаде.

Говорејќи на церемонијата на доделувањето на хаградите на БиБиСи за Спортист на годината Џошуа рече дека не ги слушнал тврдењата на Фјури дека тој е само мускулест „запрежен коњ“.

„Не знам дали се враќа ниту која е неговата ситуација, но како што секогаш велам, јас сум доследен во она што го правам и на него е да се врати по лесни пари“.

„Па така, да прозиваш некого е небитно ако не знаеш дали ќе можеш да го исполниш својот збор. Сигурен сум дека ќе сака, но сега вели дека му требаат неколку борби за загревање“.

„Ако сака дирeктно во рингот со мене во текот на летото, можеме да се спукаме. Топката е на негов терен, во секој случај, јас сум подготвен“.

Џошуа има закажан специјалистички преглед во врска со повредите на носот претрпени во последната одбрана на титулата против Карлос Такама.

„Не го скршив, но знаци на фрактура постоеја. Дефинитивно се помести и беше малку отечен. Следната недела одам кај специјалист за да се потврди дека нема внатрешни повреди, затоа што, јасно, во боксот дишењето е многу важно“.

Џошуа заврши на четвртото место во изборот за Спортист на годината во кој победи атлетичарот Мо Фарах.

print

Можеби ќе ви се допадне...