Џошуа сака да се бори со Вајлдер, Паркер и да има реванш со Вајт

Промоторот на светскиот шампион во тешка категорија во ИБФ, ИБО, ВБА Супер, Ентони Џошуа, Еди Херн, ги кажа идните планови на британскиот боксер.

Според неговите зборови, Џошуа сака обединувачка борба со шампионот на ВБО Џозеф Паркер, а така исто и реванш со сонородникот Дилиен Вајт.

Пред некој ден Џошуа добие дозвола од ИБФ дозвола да го одржи реваншот со Владимир Кличко, а потоа да ја направи задолжителната одбрана на светската титула против Кубрат Пулев.

https://www.instagram.com/p/BVFicPkDjL_/?taken-by=anthony_joshua

„Џошуа сака обединувачки борби. Сака да се бори против Џозеф Паркер, со Дионтеј Вајлдер. Но, планот на Ентони Џошуа не е се само за две-три борби, тој има планови за наредните 8-10 години. Ние сме должни да поминеме низ се. Должни сме да продолжиме напред, ги повикува сите боксери од тешка категорија да го предизвикаат. Освен тоа, има и британски борби. Дуелот со Дилиен Вајт – тоа е борбата која Џошуа сака се повтори“, изјави Еди Херн.

print

Можеби ќе ви се допадне...