Џошуа сака да добие совет од Кличко за да владее 10 години

Ентони Џошуа објави дека е подготвен да прифати совет од својот последен ривал Владимир Кличко.

Тие покажаа голема почит еден кон друг пред и по мечот. Сите фанови очекуваа реванш, но такво нешто нема да се случи, бидејќи Украинецот реши да ја прекине кариерата и да се пензионира.

„Голема почит, шампиону. Машки се зграбчивме во рингот во април. Ќе ми биде драго да добијам од тебе каков и да е совет кој ќе ми помогне да останам на врвот 10 години“, напиша Џошуа.

Тие се познаваат многу години. Кличко го забележа талентот на Британецот во 2014 година. Тогаш Џошуа беше поканет да учествува во подготвителниот камп на Украинецот.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...