Џошуа: Не би сакал мојот син да стане боксер, зашто тоа е лудило!

Светскиот шампион на ИБФ, ВБА и ИБО во супертешка категорија, Ентони Џошуа, призна дека не би сакал неговиот син да тргне по неговите стапки и да го избере професионалниот бокс како професија. Според зборовите на Британецот, тој не би посакал на никого да ги преживее стресот и болката, кои се дел од боксот.

„Се колнам, не би сакал мојот син да стане боксер. Тоа не е работа, тоа е лудило! Дали знаете на каква болка сме подложени? Тоа не би му го посакал на никого“, изјави Џошуа за Мирор.

„Затоа ќе му кажам на мојот син: „Тргни по свој пат, без разлика дали станува збор за бизнис, образование или спорт …“. Но сакам тој да биде подобар од мене во сè, со што ќе се зафати“.

print

Можеби ќе ви се допадне...