Џошуа многу потежок од Поветкин (ВИДЕО)

Британскиот боксер Ентони Џошуа е потежок со 11,1 килорам од рускиот ривал Александар Поветкин пред мечот за светската титула во тешка категорија. Ова го покажа традиционалното мерење на еден ден пред судирот што ќе се случи на Вембли во саботата вечерта. 28-годишниот Британец тежи 111,8 килограми, додека 39-годишниот противник е 100,7 килограми.

На средбата, која ќе ја следат околу 80 000 гледачи на трибините на националниот стадион на Англија, ќе бидат заложени четири шампионски појаси. Досега во кариерата непоразениот Џошуа има 21 победа (20 со нокаут) во исто толку средби, додека Поветкин има 34 победи (24 со нокаут) на професионалниот ринг и 1 пораз.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...