Џошуа конечно призна: Не се борев правилно на средбата со Руиз

Ентони Џошуа конечно призна дека не боксирал правилно во првиот меч со Енди Руиз. Тие ќе се борат на 1 јуни за три од најпрестижните титули во тешка категорија. Мексиканецот го нокаутира и му го нанесе првиот пораз на Британецот.

Веднаш по мечот, многу експерти го повикаа Џошуа да си го замени тренерот Роб Мек Какен.

„Мојот борбен стил не беше во ред“, рече боксерот. „Се гледам во огледало и се обвинувам. Го имам еден од најдобрите тренери зад мене. Тој ме одведе на врвот“.

На 7 декември, Џошуа ќе има можност да му се реаншира на Руиз.

print