Џошуа: Кличко е професионлец, а не можам да почитувам спортисти како Вајалдер

Џошуа се искачи на врвот во април кога го совлада Владимир Кличко во единаесетата рунда на средбата пред 90.000 навивачи.

Минатиот месец ги одбрани титулите од предизвикувачот Карлос Такам во десетата рунда.

Самиот Џошуа вели дека не ги почитува борците како што е Вајлдер, кој го предизвикува само на интернет.

Кога ја организираа средбата со Кличко, тој им рече да не прават непотребни драми на социјалните мрежи оти преговорите се тајни.

„Пред да се борам против Кличко, тој не се закачи на социјалните мрежи – се се случуваше зад затворени врати, кога се беше решено и дадовме јавност на средбата. Така постапуваат вистинските професионалци“.

„Не можам да ги почитувам спортистите како Вајлдер. Се приближува 2018 година и се надевам дека сите ќе си ги добијат своите средби. Ќе биде добро да се усогласиме. Ако не успееме, се подготувам… сето тоа е прашање на време“.

Минатиот викенд, Вајлдер успеа да совлада Бирмејн Стиворн во првата рунда од реваншот и сега се надева дека ќе се сретне со Џошуа.

print

Можеби ќе ви се допадне...