Џошуа и Паркер веќе продадоа 70.000 влезници

Ентони Џошуа уште еднаш покажа колку голема ѕвезда е во Велика Британија.

Веднаш по пуштањето во продажба продадени се повеќе од 70.000 билети за неговата борба со Џосеф Паркер во Кардиф на 31 март од која победникот ќе излезе со ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО светските титули и ќе се доближе на чекор до Ленокс Луис кој во 1999 година стана последниот неприкосновен владетел во тешка категорија.

Цените на билетите се движат од 40 до 2.000 фунти покрај рингот.

Џошуа се враќа местото на својата последна борба. Во четвртата одбрана на титулата во тешка категорија со технички нокаут во 10-та рунда во Велс го победи Карлос Такам.

Борба со Камерунецот ја следеа 78.000, а со Кличко на Вембли во април минатата година 90.000 гледачи на стадион.

Паркер во септември во Манчестер по втор пат ја одбрани титулата на ВБО по 12 рунди со Хју Фјури. 26-годишниот боксер стана првиот светски првак во тешка категорија од Нов Зеланд, кога во мечот за слободната титула во декември 2016 година го победќи Енди Руиз.

print

Можеби ќе ви се допадне...