Џошуа: Иако го победив Кличко, секогаш ќе го гледам како подобар од мене!

Ентони Џошуа и Владимир Кличко создадоа врска на ментор и ученик, иако ученикот го победи учителот.

28-годишниот Британец прво беше спаринг партнер на Украинецот, а неколку години подоцна ја заврши кариерата на великанот на тешката категорија.

Во април 2017 година во легендарниот меч пред 90.000 гледачи на Вембли во 11-тата рунда го нокаутира Кличко. „Д-р Стилхамер“ имаше опција за реванш, но заклучи дека не може да понуди повеќе против младиот лав.

Обајцата по борбата продолжија да искажуваат почит еден спрема друг и младиот шампион сака совет од постариот колега и во иднина.

„Ако Кличко ми пренесе малку од своето знаење тоа би ме поттиканло да бидам подобар отколку што може да замислам“, изјави шампионот во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО за Скај спорт.

„Потребен ми е на на мојата страна, дефинитивно. Имам толку многу почит спрема него. Неговиот мозок е боксерска енциклопедија. Иако го победив, секогаш ќе го гледам како подобар човек од мене, затоа што направил повеќе од мене“.

„Иако таа вечер бев подобар, ако ја гледаме целата негова кариера тој направил многу повеќе. Секогаш ќе симнувам капа пред него и ќе го почитувам. Кличко се бореше во ерата кога на грешките се гледаше како на нешто што ќе го поправите и што ќе ве направи подобар Тој изгуби три пати, а потоа владееше со тешката категорија 10 години“.

„Тоа е феноменално и на тој пат секако научил многу. Имаше неуспех, па повторно тргна, повторно падна и пак почна тргна и се изгради до совршенство“.

print

Можеби ќе ви се допадне...