Џонс: Миочиќ е најголемиот тешкаш на сите времиња

Шампионот на УФЦ во полутешка категорија му честиташе на новиот шампион на УФЦ во тешка категорија.

Стипе Миочиќ со нокаут против Даниел Кормиер во четвртата рунда во Анхајм по втор пат стана шампион во тешка категорија на УФЦ.

Џон Џонс му честиташе веднаш по борбата преку социјалните мрежи, прогласувајќи го за најголем тешкаш на сите времиња, без да го спомне со зборе на неговиот ривал Кормиер.

„Стипе е без сомнение најголемиот тешкаш на сите времиња. Немам што друго да додадам“, објавува Џонс на Твитер.

Кормиер кој веќе долго време го најавува пензионирањето по поразот рече дека сè уште не е сигурен дали ќе продолжи да се бори и дека ќе се консултира со семејството за неговиот следен чекор.

print