Џеф Монсон договори меч со осуден убиец

ММА ветеранот Џеф Монсон во својот следен настап ќе се бори против Максим Новоселов, човек кој 11 години од својот живот ги поминал зад решетки за убиство.

Според пишуавањето на порталот Тасс.ру, Новоселов е европската комбат самбо шампион со 3-2 професионален ММА сооднос, кој во 1993 година заради убиство е осуден на 14 години затвор. На условна слобода е пуштен во 2004 година, но во 2012 година повторно е уапсен, овој пат поради трговија со дрога, што го чинеше со лишување од слобода до април 2016 година.

Овој двоец треба да се сретне на 22 април на „Судирот на титаните“ („Clash of the Titans“) настанот во Курск,а тој меч за 46-годишниот Монсон ќе ја одбележи 88-та борба по ред во професионална кариера, која ја започна во 1997 година.

print

Можеби ќе ви се допадне...