Џастин Гејџи е подготвен да се вклучи како замена во битката меѓу Хабиб и Тони

Џастин Гејџи е подготвен да се приклучи како замена за борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон, кои ќе се борат во април за титулата. Во минатото 4 пати неуспеа  оваа прес метка, поради што се оди на резервна варијанта.

Џастин, кој е поранешен шампион во лесна категорија во ВСОФ/ WSOF, е меѓу најатрактивните борци во категоријата и заработи бонус на секој натпревар што го има. Тој е со скор 4-2 во УФЦ и е во серија од 3 победи со директен нокаут во првата рунда. Верува дека е следен за титулата и ќе се бори против победникот на дуелот помеѓу Хабиб и Тони. „The Highlight“, исто така, ќе биде подготвен во април за да го спаси настанот, ако работите тргнат во погрешна насока.

„Јас сум тој кој чека за титулата и сум следен. Колку што знам, ќе се борам со победникот од главната борба во април меѓу Хабиб и Тони. Во серија сум од три победи со нокаут во првата рунда и не знам што друго да правам.

Ќе се стегнам и ќе бидам подготвен за април, во случај нешто да се промени, за да се вклучам како замена. Тешко ми е да тренирам бидејќи знам дека немам противник. Во игра сум да се борам за појасот. Сакам да се борам за титулата, затоа што не можам да станам помлад.

Нема да бидам глупав и ќе донесувам мудри деловни одлуки. Ќе тренирам за април, но сакам УФЦ да ми плати за тоа. Сакам да се борам со Хабиб и ќе се лутам на себе ако нешто се случи и не сум подготвен“, рече Гејџи.

print