Џарел Милер позитивен и на вториот допинг тест

Џерел Милер падна и на Б-примерокот на допинг тестот (втората допоинг контрола), овој пат на човечки хормон за раст. Така ги закопа сите надежи за дуел со шампионот Ентони Џошуа,, бидејќи неговиот агент Еди Херн потврди дека следната недела ќе го именуваат противникот за американското деби на Џошуа.

Само неколку дена откако не доби боксерска лиценца поради средството ГВ1516 во неговото тело, тој сега има позитивен тест на ХГХ (човечки хормон за раст), многу посериозен прекршок. Милер требаше да боксува против Џошуа на 1 јуни во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, но сега тоа е минато.

„Можам да потврдам дека има втор позитивен тест и иако сакавме да му дадеме шанса по првиот, ова е сериозен прекршок и нема место во спортот за такви боксери. Џошуа ќе боксува со чист боксер и ќе го победи“, изјави промоторот Херн.

На само шест недели пред закажаниот меч, на листата на боксери што може да му се спротивстават на Џошуа се Адам Ковнацки, Луис Ортиз, Кубрат Пулев, Мајкл Хантер и Мануел Чар, како и непоразениот Оскар Ривас.

print