Џараја физички го нападна судијата по поразот на Енфужн (ВИДЕО)

Талентирани Мохамед Џараја се бореше на настанот Енфужн Лајв 49 во Хаг против Редуан Ларкуби.

По поразот по екстра рунда Мароканецот незадоволен од одлуката излезе од рингот и физички го нападна и го удираше главниот судија.

Во главната борба на вечерта, Ибрахим Ел Бустати го порази Флип Ферлинден во мечот за титулата во категоријата до 85 килограми. Тоа беше реванш-меч на борбата од минатата година во која судиите прво победата му ја доделија на Бустати, а по жалбата надлежниот орган BKBMO – Белгиската кик-бокс, ММА и мај тај организација, го промени резултатот и му ја даде победата на Ферлинден.

Во мечевите на Енфужн лигата Тајфун Озџан го нокаутира Нордин бен Моха и е прв на ранг листата.

Енфужн лајв 49:
Ибрахим Ел Бустати – Филип Ферлинден (со одлука на судиите)
Луис Таврез – Мохамед Бубкари (КО, Р1)
Тајфун Озџан – Нордин бен Мох (КО, Р2)
Редуан Лааркуби – Мохамед Џараја (со одлука на судиите по екстра рунда)
Јасин Наитар – Јонај Риско (со одлука на судиите)
Андре Шмелинг – Хичам Ачалхи (со одлука на судиите по екстра рунда)
Кадија Чаради – Елиса Вурмс (со одлука на судиите)

.

print

Можеби ќе ви се допадне...