Џамал Бен Садик е подготвен за Бадр Хари, но сака реванш со Рико Верховен

Џамал Бен Садик потпиша нов договор со Глори и со нетрпение го чека излегувањето во рингот. „Голијат“ е со скор 36-8 во кикбокс, а 29 се победи со нокаут. Последен пат го видовме во рингот во декември 2018 година на Глори 62, кога во една вечер победи тројца противници и го освои турнирот на организацијата на тешка категорија. Ова му гарантира шанса за титулата и го чека реваншот со Рико Верховен.

Имаа веќе две битки и си разменија по една победа со нокаут. Џамал е во серија од 4 последователни победи и е подготвен за бизнис. Тој е отворен за каквибило предизвици и не му пречи да се бори со сонародникот Бадр Хари.

Двајцата се договорија за битка пред извесно време, но таа не се случи. Садик не го интересира кој е следен противник, затоа што целта му е титулата и заради неа сака реванш со Рико.

„Во втората борба со Верхвен, искуството си го направи своето. За прв пат влегов во борба која траеше 5 рунди. Не се сјандов многу добро на средбата. Но, сега сум позрел и подобар. Го освоив турнирот во тешка категорија и тоа ми гарантира битка со шампионот. Тие не го исполнија ветувањето и ме турнаа в ќош. Се чувствував лошо, не сакав повеќе да тренирам и веќе немав мотивација.

Мислам дека битката меѓу Хари и Верховен беше многу добра, а резултатот беше разочарувачки. И двајцата се многу добри борци. Бев подготвен да се борам против Хари и и реков на Глори да ми испратат договор за борба.

Не ми е гајле за противникот. Во 2020 година само сакам да го имам меч за титулата. Јас сум следен за титулата и тоа е сигурно. Новата 2020 година треба да биде година на Џамал Бен Садик“, рече Мароканецот Бен Садик.

View this post on Instagram

Train for it! 🥊

A post shared by Jamal Ben Saddik (@jamalbensaddik) on

View this post on Instagram

Strive for greatness 🙌🏽

A post shared by Jamal Ben Saddik (@jamalbensaddik) on

print