Јапонскиот амбасадор Савада и Амбасадата со честитки за сребрениот медал на Дејан Георгиевски

145

Амбасадата на Јапонија во Македонија му го честитаа огромниот успех на македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски, кој на Македонија и донесе сребрен олимписки медал.

-Честитки Дејан! Амбасадорот Савада и Амбасадата на Јапонија упатуваат честитки за сребрениот медал во тaеквондо на Дејан Георгиевски. Дејан го носи првиот олимписки сребрен медал во историјата на Северна Македонија.