Јапонија со тешка артилерија на Гренд слем турнирот во Анталија

121

Јапонската репрезентација во џудо ќе настапи со своите големи sвезди на Гренд слем турнирот во Анталија (Турција) на кој ќе настапат 566 натпреварувачи (340+226) од 101 држава.

Натпреварот е од 1 до 3 април, а се собираат бодови за пласман на Олимписките игри и квота.

Така, една од најголемите sвезди во моментов – Хифуми Абе – се враќа на татамито.

Тој обезбеди место на следните Олимписки игри во историскиот судир меѓу двајцата светски шампиони во категоријата до 66 килограми против Јоширо Марујама. Борбата ја следеле повеќе од 400 000 луѓе во исто време.

Ова ќе биде прва натпревар на Хифуми по големата победа над Марујама.

Абе ќе патува за Анталија со неговата сестра Ута, која е во националниот тим до 52 килограми.

Потсетуваме дека нема да има претставници на Јапонија на Грен слемот во Тбилиси.

За Анталија, во тимот се видливи имињата на Шоичиро Мукаи (-90 кг), Арон Волф (-100), Хисајоши Харасава (+100), Шори Хамада (-78) и други.