Јиржи Прохаска со нокаут над Кинг Мо стана шампион на Ризин (ВИДЕО)

Јиржи Прохаска (24-3-1) стана првиот шампион на Ризин во категоријата до 93 килограми.

26-годишниот Чех на настанот во Јокохама го нокаутира Мухамед Лоуел (21-10) во третата рунда и му се реваншира за поразот со нокаутот во финалето на Гран прито на Ризин во тешка категорија во декември 2015 година.

Оттогаш Прохаска е непоразен иова му е осма последователна победа, додека 38-годишниот „Кинг Мо“ го доживеа третиот последователен пораз.

print