Јасин Лама за 78 секунди со ТКО го совлада Индиецот Дааија (ФОТО)

Јасин Лама (-60 кг) за 78 секунди го прати во технички нокаут Анкуш Дааија од Индија на Меѓународниот турнир „Странџа 2019“ во Софија – Бугарија, и се пласира во наредното коло.

Борбата почна со взаемно испитуцвање на силите, но во еден момент Лама со десно кроше го погоди Индиецот и го собори, а судијата му броеше и по консутацијата со лекарот ја прекина борбата.

Ако го победи наредниот противник Лама ќе обезбеди најмалку борнзен медал на најсилниот турнир во Европа.

Борбата на Јасин е -16:00.

Ipon.mk

print