Јапонските деца избраа футуристички маскоти за Олмпијадата во Токио 2020 година

Јапонија избра футуристички ликови кои имаат супермоќи како маскоти на следната Летна олимпијада, што ќе се одржи во Токио во 2020 година од 24 јули до 9 август.

Сѐ уште неименувани маскоти, кои личат на лисици, победија на анкетата, во којашто учествуваа само ученици. Организацискиот комитет на ОИ соопшти дека во анкетата учествувале 16.769 училишта.

„Тие ќе ги поздравуваат посетителите на Игрите во 2020 година и ќе го шират олимпискиот и параолимпискиот дух“, кажаа организаторите.

Тие додаваат дека двете избрани маскоти имаат различни карактери, но се почитуваат меѓусебе и се добри пријатели.

print