Јакупи против Јапонецот Коике за бронза, Несторовски седми, Костовска девета

Берат Јакупи (-84 кг) за бронзениот медал ќе се бори со Јапонецот Макото Коике на Премиер Лигата во Лајпциг, кој стигна до полуфиналето и загуби на прв освоен поен при нерешен рзултат од 2-2 со Русинот Александер Илиев. Претходно Јакупи извојува пет победи.

Сепак, Јакупи демонстрираше висока форма во конкуренција на 139 каратисти.

Виктор Крстевски во репасажот во оваа категорија загуби од противникот на Јакупи за бронзата со 5-2.

Мартин Несторовски (+84 кг) во борбата која обездуваше битка за бронзениот медал изгуби минимално 0-1 од Филипе Реис од Франција и го освои седмото место во вкупниот пласман.

Вероника Костовска (-61 кг) преку репасажот не успеа да дојде до бронзата, бидејќи загуби минимално со 0-1 од Сара Елварт од Полска, борба која и овозможуваше пласман во наредното коло и борба за медал. Костовска е девета, но ова е голем успех пред СП за кадети, јуниори и У-21 во Шпанија.

-84 кг
Берат Јакупи – Асиарт – Сергеј Пинчук (Унгарија) 8-0
Берат Јакупи – Асиарт – Беслан Мизов (Русија) 4-4
Берат Јакупи – Асиарт – Иван Квесиќ (Хрватска) 4-0
Берат Јакупи – Асиарт – Ибрахим Мелхади (Франција) 2-0
Берат Јакупи – Асиарт – Ахмед Елмасри (Египет) 5-4
Берат Јакупи – Асиарт – Александер Илиев (Русија) 2-2 победа на Русинот
за бронза
Берат Јакупи – АсиартМакото Коике (Јапонија)

Виктор Крстевски – Металург – Фабио Воза (Швајцарија) 6-0
Виктор Крстевски – Металург – Александер Илиев (Русија) 3-7

репасаж
Виктор Крстевски – Макото Коике (Јапонија) 2-5

 +84 кг
Мартин Несторовски – Металург – Патрицио Косциоти (Италија) 0-1
Мартин Несторовски – Металург – Бенјамин Нуркиќ (БиХ) 0-0
Мартин Несторовски – Металург – Василии Антохил (Русија) 2-1
Мартин Несторовски – Металург – Јонатан Хорне (Германија) 0-1

репасаж
Мартин Несторовски – Металург – Филипе Реис (Франција) 0-1

61 кг
Вероника Костовска – Кеикс – Александра Хааг (Шведска) 4-0
Вероника Костовска – Кеикс – Ју Ван Чои (Хонг Конг) 1-0
Вероника Костовска – Кеикс – Хаја Џумаа (Канада) 1-7

репасаж
Вероника Костовска – Кеикс –  Сара Елварт (Полска) 0-1

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...