Ѕверски нокаут на Масвидал против Аскерн – најбрз во историјата УФЦ (ВИДЕО)

Хорхе Масвидал (34-13, 11-6 УФЦ) го постигна најбрзиот нокаут во историјата на УФЦ.

На УФЦ 239 во Лас Вегас за само 5 секунди го нокаутира Бен Аскерен (19-1-1НЦ, 1-1 УФЦ) и му го нанесе првиот пораз во кариерата.

Поранешниот шампион на Белатор и ОНЕ тргна на уривање, а Масвидал одлично го темпираше ударот со летачко колено и го погоди Аскрен со удар кој го нокаутира. Пред да стигне судијата да ја прекине борбата го погоди Аскерн уште два пати со тупаниците.

print