Ѓуро Илиќ: Тренерскиот кадар е одлично едуциран и високо котира во регионот и во Европа, веднаш зад Србија

134

Ѓуро Илиќ е основополжник и предводник на реалното аикидо во Македонија, затоа ова интервју го посветивме на стручниот кадар кој во последните години и дава печат на подемот на оваа вештина.

Дејан Чавковски

Реланото аикидо како вештина зема се поголем замав во нашата земја, како одраз на една долгорочна и стручна работа. Како прв човек на Федерацијата за релано аикидо и основополжник на оваа вештина во нашата земја, на што се должи подемот?

-Тоа пред се должи на една континуирана работа, добра организациона поставеност, се разбира најмногу и од стручниот кадар на Федерацијата односно клубопвите и секојдневното следење и присуство на значајни семинари, натпревари и континуирана едукација. Секако ,тука е нашето постојано присуство во органите и телата на Светскиот центар за реален аикидо.

Со каков тренерски кадар располага Федерацијта ?

-Федерацијата располага со двесетина добро едуцирани тренери, од кои половината се со Високи Дан појаси-односно искусни мајстори.

Јордан Христовски

Кои се тренерите во Македонија  кои учествуваат во омасовување на оваа вештина?

-Во оваа прилика (покрај  мене), јас би ги издвоил следните тренери: Чавковски Дејан (5 дан), Јордан Христовски (4 дан), Мишов Владко (3 дан), Николчо Гоцев (2 дан), Љубе Грданов (2 дан) и Јордан Георгиев (2 дан)… Се разбира, со своите асистенти.

Владко Мишов

Со што се истакнува секој од нив, односно дали имаат специјалности?

-Заедничка карактеристика на сите е посветеноста и професионалниот однос во афирмирањето и омасосвувањето на реалното аикидо, како во градовите каде што тренираат и работат, така и во поширокиот регион и државата. Се разбира, кога се работи за индивидуална вештина, секој тренер  има и своја „специјалка“, која најчесто може да се забележи („печатот на тренерот”) кај понапредните ученици-натпреварувачи.

Николчо Гоцев

Кога ќе направите споредба со останатите земји од регионот и пошироко, на кое ниво е нашиот тренерски кадар?

-Слободно можам да истакнам дека нашиот тренерски кадар – е одлично едуциран и се наоѓа на високо место во регионот и пошироко во Европа, веднаш зад Република Србија.

Љубе Грданов

Како се надоградуваат?

-Преку континуирано активно учество на голем број семинари од домашен и меѓународен карактер….сето тоа во текот на февруари месец – секоја година се проверува, кога традиционално се одржува полагање за тренерска лиценца (која трае една година). Без неа трнерите ширум државата и надвор од неа немаат право да одржуваат тренинзи.

Јордан Георгиев

Каква е преспективата на реалното аикидо во нашата земја?

Сметам дека реалниот аикидо има светла перспектива во нашата земја, посебно тоа го потврдува и реализацијата (после овој доста долг прекин на работа…) на проектот „101 училиште на реално аикидо”.

Ipon.mk